Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Следната недела ќе се исплаќаат јунските пензии

Скопје, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од вторник, 28-ми јуни, ќе започне исплатата на јунските пензии.

Владата ја усвои информацијата, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27-ми јуни.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:

• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток), и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со ќе може да располагаат од 28-ми јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука