ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро на три сантиметри под јунскиот просек, температурата на водата е 22 степени

Охрид, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е под месечниот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,64 м.н.в, што е за 3 сантиметри под просекот за мај (693,67 м.н.в), односно 54 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 22 степени.

Во однос на минатата недела, кога го достигна просекот за овој период, сега се бележи намалување на водостојот за три сантиметри.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи (споредба табела дневна хидролошка информацила зареките природните претходниот ден очекувана тенденција 22/06/2022 наредниот ден) легуновце- лепенец скопје 46 22.06.22 вардар брод- треска просекзалуни 14 бана пчина 119 18 богомила- берово 51 15 нд 83 -струмица струмица 30 нд 83 70 150 -5 149 водостои нд 146.99 842.43 842.43 табела 144.43 = вода 693.6 844.29 = 07:30 часот ез.доран наколец охрид ез.охрид змерени 24.2 17.5 693.6 24.4 18.0 20.0 22.0 = ~ изработил: ди проверил: нд 19.8 мерене ниво в.д. директор, M-p ивица тодоровски води- мерене водостој промената“

Во Охрид денеска сончево и топло време со умерена локална облачност. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 31. степени.

– Денес и утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Во петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука