Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружанец пријавил дека неговата сопруга се оддалечила од семејниот дом

Струга/Охрид, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јуни 2022 година, во 00:30 часот, 52-годишниот А.К. од Струга во Полициска станица пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга.

– Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање и расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.

Ова е втор ваков случај во регионот на Охрид и Струга во текот на последниве 24 часа. Во текот на вчерашниот ден, 51-годишната С.И. пријавила во СВР Охрид, дека еден ден претходно нејзината малолетна ќерка се оддалечила од семејниот дом. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука