Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични пријави за две лица од селата Мешеишта и Волино кои нелегално регистрирале половно моторно возило

Белчишта, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ј.Ѓ. од селото Мешеишта, општина Дебрца и 65-годишниот А.И. од селото Волино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.

– Двајцата, ги прекршиле одредбите од Законот за возила и нелегално регистрирале половно моторно возило увезено од второпријавениот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука