Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружанец вршел јавен превоз на патници без соодветна лиценца

Охрид/Струга, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.П. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

– На 13-ти мај 2022 година, на регионалниот пат Р1208 – „Св. Еразмо“, пријавениот бил затекнат како управува патничко возило со кое вршел превоз на патници без да поседува соодветна лиценца за вршење на дејноста, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука