Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, Филип Андерсон

Охрид, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, денеска се сретна со заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, што ја покрива и Македонија, Филип Андерсон и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски.

– На средбата разговараа за интензивирање на соработката, особено со збратимениот град Волонгог и со Квинбеин со кого Охрид има потпишано протокол за соработка. Заменик амбасадорот изрази задоволство да учествува во процесот на интензивирање на комуникацијата и соработката. Градоначалникот Пецаков, ги запозна гостите со културно-историските знаменитости на градот и со богатата историја со што се отвора поле за соработка во повеќе области помеѓу Охрид и Австралија. Заменик амбасадорот Андерсон го увери градоначалникот дека е заинтересиран да придонесе во развој на соработката во бизнис сферата, образованието и туризмот, со оглед на фактот дека во охридскиот регион има многу бизнисмени повратници од Австралија, но и жители од регионот кои мигрирале во Австралија. Како идеја произлезе отворањето на канцеларија за комуникација и соработка со Австралија, која би се отворила во Охрид, информираат од кабинетот на Пецаков.

Градоначалникот и Заменик амбасадорот се обврзаа активно да учествуваат во стимулирањето на невладините организации од Охрид што помасовно да испраќаат проекти за финансирање на повикот што во следниот период ќе го објави Амбасадата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука