ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

По седми пат Охрид „Вдиша Театар“, младите актери со силна порака: Треба да бидеме подобри

Охрид, 22. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со музичко поетскиот перформанс „Треба да бидеме подобри“ на волонтерите на Црвен крст Охрид, вечерва, по пауза од две години, свечено беше отворено седмото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши Театар“.

Предворјето на црквата „Св. Софија“ беше преполно со публика, жедна за вакви настани, особено од млади и исклучително талентирани актери. Нивниот перформанс опфати избор на стихови од познати македонски автори како Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Блаже Конески, проследени со избор на македонска музика и кореографија на странска музика.

May be an image of 1 person

Во рамките на нивниот перформанс беше вклучен и Енес Беговски со својот инструмент hang drum. Тој е уличен свирач кој случајно присуствувал на една од пробите со идеја да даде придонес и да учествува, што било со задоволство прифатено.

May be an image of 3 people and indoor

Во рамките на „Вдиши театар“, утревечер од 18:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се прикаже премиерата на филмот „На прав пат“ во продукција на Црвен крст од Ужице, а од 21:00 часот во предворјето на „Св. Софија“ ќе биде прикажана претставата „Умри машки“ на волонтерите од Црвен крст Битола. В петок од 21:00 часот, повторно во предворјето ќе биде претставата „Чудо у шаргану“ на театарската група „Инет“ од Чајетина, Златибор, една од најпопуларните претстави на тие простори.

Влезот за сите настани ќе биде слободен, како подарок од Црвениот крст за охриѓани и гостите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука