Во Охрид денес сончево време со променлива облачност и температура до 32. степени
Охрид, 23. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денеска сончево време со променлива облачност и во западните делови со засилен северозападен ветер.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 32. степени.
– Утре во западните делови ќе дува засилен западен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Во следните денови ќе се задржи многу топло време, особено во јужните делови од земјата. Нестабилно ќе биде и во сабота, а од недела се очекува постепено стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |