Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Продолжува штрајкот во јавниот сектор, прекин на работата од 10:00 до 11:00 часот

Скопје, 23. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Втор ден штрајк во јавната администрацијата откако Владата не го прифати барањето на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно покачување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари.

Откако вчера поставија 120 празни столчиња пред Парламентот, како потсетување до пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите, денеска се селат пред Влада, каде симболично со поставување на 21 столче, колку што има министри ќе побараат поддршка за нивните барања.

Можно е да е слика од 9 луѓе и надвор

– Тие пари се неопходни со сé ова што се случува, двоцифрена инфлација, ценовни шокови, најавена енергетска криза, покачување на цената на струјата. Бараме од сите пратеници, од сите партии да дадат поддршка, не на ССМ туку на работникот со прифаќање на амандманот.Доколу и ова не се случи штрајкот ќе стане Дамаклов меч на сите јавни функционери и политичари. Сите кои нема да нé поддржат, наше легитимно право е од нив да побараме оставка. Ние сме ги избрале за да ги чуваат и унапредуваат нашите права, сега кога ни е најпотребно. Работникот денес се бори за егзистенција, потенцира претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Можно е да е слика од 6 луѓе и надвор

Од ССМ велат штрајкот ќе трае до исполнување на барањата. Вработените во јавниот сектор ќе штрајкуваат на работните места, а ќе работат само 10% од работниците во дејностите каде тоа е неопходно.

Од Владата, пак, стојат на ставот дека треба да се зголемат платите, но велат дека мора да се најде одржливо решение, а не проблемите да се решаваат со ад хок решенија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука