Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Маслов: Се штрајкува во јавниот сектор во Охрид, притисоци нема, дел од директорите не знаеја што значи генерален штрајк и негова организација

Охрид, 23. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) од Охрид во јавниот сектор се солидарни во штрајкот за остварување на наштите права, линеарно зголемување на плата, исплата на К-15 и потпишување на општ колективен договор, изјави за Супер радио и OhridPress регионалниот секретар на ССМ за Охрид, Стевчо Маслов.

Вели дека притисоци немаат, единствено се соочиле со непознавање на дел од директорите во некои институции што значи генерален штрајк и негова организација.

– Како и низ цела Македонија, работниците штрајкуваат на работните места во работно време. Обезбедуваме минимум работен процес за овозможување и обавување на работите што се неопходни во интерес на граѓаните. Единствено за Охрид што можам да посочам е непознавање на дел од директорите во некои институции што значи генерален штрајк и негова организација. Доаѓаше до забуна на одредени претпријатија со тоа што не бил известен работодавачот. Од ССМ упатија писма до градоначалниците, Владата, јавните претпријатија дека тие се организатори. Ние сите сме здружени во ССМ и имаше недоразбирања во делот кој е штрајкувачки одбор, тоа се претседателите на гранките, ние сме здружени и сме солидарни во штрајкот за остварување на нашите права, го бараме тоа што е со закон загарантирано, потенцира Маслов.

Можно е да е слика од 10 луѓе и луѓе што стојат

Истакна дека во охридските јавни претпријатија е усогласена минималната плата и работата во недела, сега се бара истото да се случи и со останатите плати. Како добар пример ги истакна јавните претпријатија во Скопје, каде веќе се потпишувале спогодби за усогласување на платите.

Усогласувањето на платите со минималната треба да се случи најдовна до исплатата на септемвриската плата. Маслов рече дека до сит еновни релевантни партнери имале доставено нивни одлуки за спогодба, ако се во можност линеарното зголемување да се реализира веднаш.

Штрајкот на ССМ во јавниот сектор започна вчера. Покрај неизвршувањето на работните обврски, беа поставени 120 празни столчиња пред Парламентот, како потсетување до пратениците да го прифатат амандманот со кој се бара во ребалансот на Буџетот да бидат одвоени средства за линеарното зголемување на платите.
Денеска синдикалците се пред Влада, каде симболично со поставено 21 столче, колку што има министри, бараат поддршка за нивните барања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ССМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука