ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Намален интересот за обука за спасители на вода

Охрид, 23. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во охридскиот Црвен крст во тек е обуката за спасители на отворени води, што се одивива под водство на национални инструктори за безбедност на вода со помош на инструкторите на организацијата.

Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков со жалење констатира дека годинава имало многу мал одзив, за обуката се пријавиле само осум лица.

Вели дека во текот на претстојната сезона со спасители ќе бидат покриени капалиштата кои имаат концесионери, односно плажите пред хотелите. За плажите кои останаа без концесионери од минатата година, додаде дека сé уште немаат најава од локалната дека треба да ги обезбедуваат.

Нема достапен опис

– Се надевам дека спасители кои ни се на располагање ќе бидат доволни да ги задоволат поптребите, во однос на тоа каква е сега состојбата. Минатата година се срушија дел од плажите и се направија капалиштата и имавме свои патроли, оваа година немаме уште таква најава од локалната. Оној што ќе се грижи за капалиштата треба истите да ги обезбеди за капачите, ние сме на располагање.Не би излегувале со спасители на секое капалиште, но сепак како превенција добро е да имаме некои патроли кои би се движеле и би биле постојано во тие 8 часа на еден поголем потег, на пример од Горица 3 па до Гранит или на делот кај Канео или Потпеш. Се надевам дека сите оние кои сакаат да имаат безбедни капалишта, нивните гости да се чувствуваат сигурно, дека ќе се обратат до нас, истакна Точков.

Слабиот одзив вели е последица на веќе долгогодишниот проблем со иселувањето на младите луѓе, но и сé помалиот интерес, со чест на исклучоците, за занимавање со вакви хумани и благородни професии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука