ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Марко го започна третото препливување за ова лето, плива од Радожда до Трпејца (Видео)

Охрид, 26. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски пливач Марко Пејчиновски во 09:40 часот го започна третото препливување за ова лето, на релација од Радожда до Трпејца, со должина од 20 километри.

Ова е трета траса од предвидените 10 за ова лето, и последно препливување за месец јуни, што Марко ги најави.

Езерото е мирно и има добри услови за пливање, па се очекува тој без поголеми проблеми да го исполни и овој свој спортски подвид. (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука