ГРК Охрид го претстави тимот за новата сезона
Охрид, 27. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни промени во ростерот, ГРК Охрид го претстави тимот за новата сезона во Супер лигата.
Предводени од старо-новиот тренер Горан Андоновски велат ќе се стремат кон висок пласман и излез на европската сцена.
Дел од играчите ги продолжија договорите, а донесени се и неколку странски засилувања. Сино белиот дрес наредната сезона ќе го носат Владан Кастратовиќ, Тоше Ончев, Виктор Василевски, Хазеин Рустамов, Даниел Андоновски, Стефан Бошкоски, Зураб Тсинтсадзе, Владимир Бојаниќ, Никола Грубиќ и Балша Цејовиќ. Ангажирани се и тројца таленти од младинските категории, Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски.
Од минатата сезона останаа капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов, Халил Озтурк и Кристијан Димитриески.
Екипата на ГРК Охрид во новата сезона 2022/2023 во Супер лигата ќе игра во групата А. Противници на охридските ракометри ќе им бидат Вардар, Бутел, Струга, Прилеп, Алкалоид, Куманово и Вардар Неготино.
Супер лигата следната сезона ќе брои 16 екипи, поделени во две групи со по осум екипи. Ќе се одиграат 14 кола до средината на декември. Потоа според пласманот, првите четири од секоја група се пласираат во Плеј оф, другите во Плеј аут.
Првото коло од Супер лигата ќе се игра на 3-ти и 4-ти септември, а „гладијаторите“ ќе се сретнат на гостински терен со екипата на РК Бутел. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |