Поставени таблите за зонско паркирање на дел од улицата „Македонски просветители“ (Фото)
Охрид, 30. јуни 2022 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна беше извршено обележување на паркинг места на дел од улицата „Македонски просветители“, наспроти СВР Охрид, синоќа беа поставени и информативните табли за зонско паркирање на овој потег.
Ова доаѓа по одлуката на Советот на Општина Охрид да биде воведено зонско паркирање, согласно одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид за степенот на ограничување на зонско паркирање.
Од ЈП „Билјанини извори“ неодамна за Супер радио и OhridPress информираа дека овој дел ќе спаѓа во зона Б, односно ќе се наплаќаат по 30 денари за час.
Полицијата и одделението за издавање документи привлекуваат огромен број луѓе во овој дел на градот, особено во текот на летните месеци, кои имаат потреба од вадење и обновување документи и слични услуги. Тоа прави огромна гужва на паркинзите пред околните згради, а оваа одлука само се очекува да го продлабочи тој проблем, кој е најизразен во претпладневните и попладневните часови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |