ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно поплавен паркот кај „Билјанини извори“ (Фото/Видео)

Охрид, 3. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Веќе неколку дена, повторно е поплавен паркот пред познатите „Билјанини извори“ во Охрид, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина.

Насобраната вода по природен пат истекуваше кон каналот „Студенчишта“, што го отежнуваше движењето на посетителите на потегот од мостот кон ресторанот, што наложува на најитно решавање на проблемот.

Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани често го нарекуваат и душата на градот. Бројни посетители, домашни и странски се определуваат токму за посета на изворите, а локалитетот е една од најголемите препознатливости на древниот град под Самуиловата тврдина. Ова место го користат за да пешачат и да се релаксираат, како и да избегаат од гужвата која владее во центарот на градот. Чистата вода со која се „храни“ Охридското Езеро, главно доаѓа од карстните терени на околните планини. Најголем дел од водата доаѓа од повисокото – Преспанско Езеро и преку подземни пукнатини низ планината Галичица, избива на повеќе места во вид на силни извори – врутоци покрај источниот брег. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука