Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведено лице во Охрид, пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривично дело

Охрид, 7. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти јули 2022 година, во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода 31-годишниот Ѓ.З. од ресенското село Љубојно.

– Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука