Избор Охрид

Донирајте облека за материјално загрозените семејства

Охрид, 6. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес со почеток во 11 часот, пред седиштето на Црвен крст Охрид, ќе биде поставен контејнер за донирање облека, кој е донација на Алфа банка.

По примерот на европските градови и во Охрид, во било кој период од денот, граѓаните ќе можат да донираат облека, ставајќи ја во контејнерот за облека, која понатака волонтерите на Црвениот крст ќе ја селектираат и доставуваат до оние на кои им е најпотребна.

Во рамките на своето хуманитарно делување Црвен крст на Македонија-Црвен крст Охрид особено внимание посветува на воспоставување и креирање соработка со корпоративниот сектор.

– Како позитивен пример во таа насока ја истакнуваме плодната соработка, што наназад години ја негуваме со Алфа банка. Својата висока општествена одговорност оваа компанија, меѓу другото, ја истакнува и преку поддршката и помошта во реализација на хуманитарните активности на Црвениот крст во областа на социјално-хуманитарната дејност. Зад нас стојат бројни заеднички собирни хуманитарни акции со кои се помогнало на социјално загрозените семејства, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави