Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

На регионалниот пат кај Враништа, физички нападнат 57-годишен жител на селото Велешта

Струга, 26. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 21-годишниот Л.Б. од струшкото село Шум, 18-годишниот Е.И. од селото Франгово и 21-годишниот Р.Р. од селото Теферич, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– Пријавените, на 22-ри јули 2022 година, на регионалниот пат Струга-Велешта, во близина на селото Враништа, со патничко возило го препречиле патот на патничко возило „Фолксваген поло“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 57-годишниот Б.К. од селото Велешта, во кое биле членови на неговото семејство. Притоа, со дрвени предмети го оштетиле возилото, а на Б.К. му нанеле повреди. Од страна на судија на претходна постапка, ним им е одредена мерка притвор, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука