COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

957 нови случаи на Covid-19, 39 новозаболени и 3 оздравени лица од Охрид

Скопје, 26. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 2.100 тестови, при што се регистрирани 957 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 487
• Битола 70
• Кавадарци 44
• Куманово 40
• Охрид 39
• Прилеп 36
• Велес 32
• Тетово 31
• Ресен 22
• Штип 18
• Кочани 16
• Струга 13
• Струмица и Неготино по 12
• Гостивар, Кичево и Гевгелија по 10
• Крива Паланка 8
• Радовиш и Дебар по 7
• Берово, Валандово и Кратово по 5
• Крушево 4
• Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 3
• Богданци 2
• Свети Николе, Македонска Каменица и Дојран по 1

Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции.

Регистрирани сe 616 оздравени пациенти од:

• Скопје 300
• Битола 48
• Кавадарци 37
• Куманово 32
• Прилеп и Велес по 30
• Тетово и Кичево по 18
• Свети Николе 12
• Струмица и Штип по 11
• Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 9
• Неготино 8
• Гостивар и Ресен по 7
• Охрид, Радовиш, Валандово и Кратово по 3
• Струга, Берово, Пробиштип, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија по 1

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71 години) и Струга (91 години), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука