Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Vincinni лето во Охрид: Јана Силјановска од Битола најсреќна во првата „Потрага по скриеното богатство“ со Тамаро и Супер радио (Фото/Видео)

Охрид, 27. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Малата Јана Силјановска од Битола денеска беше најсреќна и успеа да го пронајде „Скриеното богатство со Vincinni“, денеска на плажата „Славија“ во Охрид.

Екипата на Супер радио, како дел од настаните предвидени за ова жешко охридско лето, продолжува со испорачување на многу позитивна енергија, одлична забава, но и многу награди за своите слушатели. Заедно со нашите традиционални партнери, водечките охридски Тамаро маркети, и денеска „измамија“ многу насмевки од најмладите и доделија многу вкусни Vincinni производи, како дел од соработката на Супер радио и Тамаро со најголемите македонски компании.

– Поделивме многу вредни и вкусни награди од Vincinni. Главната награда беше hoverboard, а младата битолчанка Јана Силјановска си заминува со прекрасни спомени од одморот во Охрид, побогата за многу капење во езерото, уживање во сонцето, многу убаво поминато време, но и со вредната награда од Vincinni и Тамаро. За ова лето имаме подготвено две вакви посебни изненадувања, односно две потраги по закопаното богатство на популарни охридски плажи, каде сите заедно убаво ќе се забавуваме и ќе уживаме во уште едно долго и топло лето. Следната е во сабота на 6-ти август на плажата пред Автокампот „Љубаништа“, порачуваат организаторите.

За уште посреќно и послатко лето со Vincinni, во маркетите на „Тамаро“ се организираат и посебни забави на кои екипата на Супер радио, предводена од водителот Жанко ЗШ Голабоски доделува многу подароци и ги презентира најновите производи на супер популарните и највкусни Vincinni.

Секако тука се и секојдневните подароци кои ги доделуваме на Супер радио, за сите заедно да имаме топло, мирно и супер поминато лето во преубавиот Охрид.

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука