Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде кеса со кокаин кај 20-годишна охриѓанка на музичка манифестација

Охрид, 30. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јули 2022 година, околу 22:00 часот, во СВР Охрид приведена е 20-годишната М.Ј. од Охрид.

– При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа кеса со кокаин. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука