Денеска во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден за борба против хепатитот
Охрид, 5. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – „Хепар Центар“ од Битола, во соработка со Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид, денеска на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 10:30 часот ќе го одбележат Светскиот ден за борба против хепатитот.
Тема на годинешниот настан е „I Can’t Wait’ WE Cant Wait, Hep Cant Wait“. Речиси 3.000 луѓе во секот секојдневно умираат од хепатитис Б и Ц, односно, еден човек го губи животот од оваа болест на секои 30 секунди. Од „Хепар Центар“ апелираат организаторите и потсетуваат:
– Навременото тестирање и лекување на хепатитис Б, Ц и Д може да спаси животи,
– Ако не се лекува Хепатитис Б, Ц и Д може да доведе до рак на црниот дроб,
– 90% од луѓето кои живеат со вирусен хепатитис не се свесни дека го имаат,
– Со услугите за хепатитис поблиски до заедницата, повеќе луѓе можат да пристапат до навремено тестирање и лекување.
– Ризични Групи: Корисници на опојни дроги посебно оние кој се интравенски, затвори, дијализа, хемофилија, салони за маникир, педикир и убавина, социјално загрозени бездомници, медицински персонал во стоматологија, медицински персонал во сите останати гранки (хирушки,, лабараторсики и општи) МСМ/Геј популација и сексуални работнички.
Оваа година, по повод 28-ми јули, Светскиот ден за борба против Хепатитот, „Хепар Центар“ од Битола ќе информира за работата и постигнатите резултати во областа на Хепатитисот во нашата земја, во соработка со партнерите: Пациентска организација за ретки болеси „Ретко е да си редок“ од Охрид, ЈЗУ Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија, ЈЗУ Универзитетската Клиника за Радиотерапија и Онкологија, ГОБ 8 Септември-одделеније за интервентна радиологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за Инфективни Болести и фебрилни состојби, Министерството за здравство и ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, кој во 2021 година го формираа кординативното тело/првa национална организација (Think thank) за црнодробен карцином во нашата земја, интердисциплинарна група составен од медицински стручњаци/експерти, министерството за здравство и пациентски претставнци (мултидисциплинарен пристап) со дополнитена подршка од Клиничка болница Битола, Центар за јавно здравје Битола и општина Битола, Општина Охрид, Општа болница Охрид.
Во 2022 година за прв пат се спомнува и се става во програма најавуваниот Црнодробен центар кој беше дел од целите на првата Национална декларација за црнодробен карцином во владината програмата за малигни болести, посебно во делот за превенција и промоција на црнодробниот центар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |