Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за стружанец кој градел објект спротивно на основниот градежен проект

Струга, 5. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот Е.З. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тој, на катастарска парцела на улица „Маркс Енгелсова“ во Струга, бесправно започнал да гради објект за домување, спротивно на основниот градежен проект. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ги отстрани неправилностите на изградениот објект, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука