Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Охрид, 6. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти август 2022 година, во 22:10 часот на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 25-годишниот Ф.Ш. од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја.

– Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука