Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Како ќе изгледа објектот кој ќе се гради на просторот кај поранешниот ресторан и дискотека „Парк“ (Фото)

Охрид, 7. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – На оградата на локацијата на поранешниот ресторан и дискотека „Парк“, објавени се рекламни банери со 3D рендерирани слики на кои се гледа како ќе изгледа објектот кој ќе се гради на оваа локација.

Според истите, станува збор за објект со поголем габарит, односно два објекти со приземје плус три ката и поткровје, споени во делот на приземјето и првиот кат.

Според планот, предвиден е и поголем базен, помали паркови со зеленило, како и комплетно уредување на плажата.

Минатата година оваа тема беше многу актуелна во јавноста откако беше обелоденето дека започна да се урива ресторанот и дискотеката „Парк“, специфичен објект, дело на познатиот охридски архитект Павел Балабанов, кој за него го добил специјалното признание на Биеналето на македонската архитектура за 1989 година.

Повеќе ОВДЕ.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука