Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Црвен крст Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост

Охрид, 9. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на максимално развивање на услугите за долготрајна помош на лицата со попреченост од страна на квалификуван и професионален кадар, охридскиот Црвен крст, со помош и поддршка на Општина Охрид организира обука за Личен асистент на лица со попреченост.

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Лични асистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца, според верификувана програма, а обуката, која содржи теоретски и практичен дел, трае 2 месеци, а ќе се реализира во простории на Црвен крст Охрид, прилагодени и опремени со потребната опрема и помагала. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со соодветен сертификат за Личен асистент на лица со попреченост и можност за вработување.

Сите заинтересираните кандидати, кои се на возраст од 18 до 60 години, ќе можат да добијат повеќе информации и искажат интерес за обуката на некој од телефоните: 046/261-909 и 070/315-309, на е-маил адресата ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид.

Конкурсот ќе биде отворен од 9-ти август до 28-ми август 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука