Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Bayern е најновата песна на 16-годишниот музичар од Охрид Кристијан Танески (Видео)

Охрид, 9. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – По „Вегас“, песната која ја објави кон крајот на април 2021 година и „Сенка од дим“ која беше објавена во декември истата година, Bayern е најновата песна на 16-годишниот музичар од Охрид Кристијан Танески- Кикстер.

Текстот е на Кристијан, а миксот и мастерингот се на Lord.

– Со Bayern започнав нов лист од мојата каријера, затоа што е првата песна издадена од Nueva. Од оваа песна па натаму, Nueva е мојот тим во кој сме неколку артисти и продуценти. Наскоро доаѓаат многу нови и големи проекти. Конкретно за Bayern сакам да се заблагодарам на Никола Ставрески кој е наизаслужен за
тоа како изгледа спотот и посебна благодарност за Никола Николоски Никс за автентичниот дизајн, вели Кристијан.

Супер радио и OhridPress и понатаму ја продолжуваат политиката за максимална поддршка на младите таленти во сите области, па во таа насока, слушнете ја Bayern на младиот охриѓанецот Кристијан Танески- Кикстер.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука