Vincinni СУПЕР лето во Охрид: Одлична забава и највкусни подароци со Тамаро и Супер радио (Фото/Видео)
Охрид, 9. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – „Тамаро 7“ маркетот, на улицата „АСНОМ“ во населбата „Бејбунар“ вечерва беше вистинската локација за сите кои едноставно не можат да го замислат денот без некој од највкусните производи на Vincinni.
Забава со одлична музика и екипата на Супер радио, многу доделени подароци и „украдени“ насмевки од најмладите посетители… Вака беше вечерва со Тамаро и Vincinni, како продолжување на соработката на Супер радио и Тамаро со најголемите македонски компании.
Водителот Жанко ЗШ Голабоски уште еднаш ги презентираше најновите производи на супер популарните и највкусни Vincinni.
Покрај ваквите забави, за ова лето подготвивме и посебни изненадувања, односно двете потраги по закопаното богатство на најпопуларните охридски плажи. Веќе доделивме вредни подароци на плажите „Славија“ и пред Авто кампот „Љубаништа“, каде сите заедно поминавме еден незаборавен летен ден. Одлична забава имавме и пред маркетот на „Тамаро“ на улицата „7-ми Ноември“, во склоп на поранешната фабрика „Братство“, каде исто така поделивме многу вредни подароци. Летото не завршува тука и очекувајте и понатаму многу подароци и вкусни Vincinni производи за сите.
Секако тука се и секојдневните највкусни подароци кои ги доделуваме на Супер радио, како дел од нашата „задача“ ова лето да доделиме над 1.000 вредни награди за охриѓани и гостите кои уживаат ова лето во преубавиот Охрид.
Вака беше вечерва со Тамаро и Vincinni, како продолжување на соработката на Супер радио и Тамаро со најголемите македонски компании.
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |