ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Центар за управување со кризи: Пожарот во селото Вапила е повторно активиран

Охрид, 9. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот во селото Вапила е повторно активиран на потегот кон селото Сирула, информираат од Центарот за управување со кризи.

Додаваат дека станува збор за карпест предел со ниска вегетација и дека теренот е непристапен.

На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки. (Крај)

извор: ДЗС фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука