Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 29. степени

Охрид, 10. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 29. степени.

– До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука