Економија Избор ТОП ВЕСТИ

11 години Центар за физикална терапија „Валео“ Охрид

Охрид, 10. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за физикална терапија „Валео“ од Охрид го прославува 11-тиот роденден.

Зад нас се 11 години постоење, искуство, професионализам и перфекционизам во областа на физикалната медицина. Здравјето на пациентите ни е главен мотив да се движиме напред. Ви благодариме за Вашиот придонес во успехот на оваа приказна. Ви благодариме за инспирацијата, мотивацијата и охрабрувањето што ни го дававте низ годините. Постоиме за Вас и поради Вас! Здравјето пред се’! – порачуваат во роденденската честитка од „Валео“.

А приказната започна во далечната 2011 година, поточно на 10-ти август, кога скромно, но со многу желба и ентузијазам застанаа храбро помеѓ у болката и граѓаните на Охрид и Струга, но и поширокиот регион и целата држава.

– По само година и половина го набавивме еден од најсовремените апарати во физикалната медицина со широк спектар на примена, кој се’ уште е единствен во овој регион на Македонија. Од 2013-та до 2018 година, работевме во објект во близина на Градскиот пазар, до хотел „Монтенегрин“, за во 2018 година да се опремиме со најновиот и најсовремениот апарат во полето на физикалната медицина и станавме прв центар за физикална терапија што го „донесе“ во Македонија. Со него, веќе доста познатите дискус хернии, ишијалгии, спондилози стануваат минато. Од 2019 година работиме на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ и во моментов сме најсовремениот центар за физикална терапија и кинезитерапија во југозападниот дел на Македонија, велат од „Валео“.

Додаваат дека полни 11 години остануваат цврсто на нивната определба, да бидат оние кои ја победуваат болката, во служба на граѓаните на Охрид и Струга, но и поширокиот регион и целата држава.

– Спондилоза, дискус хернија, шилци, болки во вратот, грбот или во половината, лумбаго и ишијалгија, спортски повреди, руптури на мускули, тетиви и лигаменти, заздравување на фрактури… Ова се најчестите проблеми кои ги решаваме, а за успехот зборуваат преку 4.000 задоволни пациенти. Ви благодариме за довербата, заедно продолжуваме понатаму, потенцираат од „Валео“.

Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нивната официјална страна на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука