Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Наум Петрески вечерва во Охрид ќе одржи концертна промоција на албумот „Најдоброто од Наум“

Охрид, 11. јули 2022 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на јубилејот – 35 години кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески вечерва во Охрид ќе го промовира новото издание „Најдоброто од Наум“, на кое се поместени неговите најпознати хитови.

Концертни промоции се одржаа и во Битола и Скопје, каде илјадниците почитувачи на музиката на Наум, имаа можност, во живо да ги слушнат и запеат заедно со него сега веќе легендарните „Има ли песна“, „Жал за Деспина“, „Оди Ѕвездо“ и многу други.

Концертот ќе се одржи на Долни сарај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука