Избор Струга

Отворен Конкурс за уписи на ученици во „Петта приватна гимназија“ Струга за учебната 2015/16

Струга, 8. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Приватното Средно Училиште „Петта приватна гимназија“ Струга го распиша конкурсот за упис во средно образование за ученици.

Во врска со уписите во учебната 2015/16 година, од училиштето најавуваат новитети и поповолни цени за школување.

Наставата во „Петта приватна гимназија“ – Струга се одвива на македонски јазик. Учениците можат да се определат за едно од подрачјата на гимназиско образование: општествено-хуманистичко; јазични-уметничко; или природно-математичко. Од областа на стручното образование, учениците можат да бираат меѓу две струки, економско правна и трговска или здравствена струка.

Од училиштето информираат дека учениците по завршувањето на четврта година имаат можност да изберат еден од испитите за заокружување на средното образование и тоа државна матура, училишна матура или завршен испит (во стручно образование).

За сите заинтересирани ученици кои ќе извршат уписи до 19-ти овој месец, школарината изнесува 600 евра или 37.020 денари и може да се плаќа на три рати, при уписот во учебната година, како и во текот на првото и второто полугодие. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави