ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Емилија Николовска донесе бронза за Македонија на Светска олимпијада по физика

Скопје/Охрид, 11. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Емилија Николовска со своите 17 години сака да го открие непознатото. Вредно да го истражува и да му донесе нешто ново на човештвото. Емилија е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Иако е на летен распуст, таа не мирува. Неодамна освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика.

– Имаше селекционен натпревар и од Македонија бевме одбрани пет ученици. Натпреварот беше тежок. Беше потребна претходна подготовка, имавме часови со професори и асистенти од ПМФ, но се припремавме и сами. Имаше вкупно околу 400 деца од осумдесет земји од светот. Искрено, немав очекувања, пријатно се изненадив зашто задачите беа потешки од лани. Дадов сѐ од себе и се спремав колку што можев и ете, тоа се исплати и сега имам заслужен одмор. Ова е најголем успех на Македонија на оваа олимпијада по физика, раскажува Емилија.

Светската олимпијата е во организација на Швајцарија и требало да се одржи во Белорусија. Меѓутоа поради состојбата во Украина се одржала онлајн.

Ова не е прва награда на Емилија. Таа досега има добивано општински, регионални, државни и меѓународни награди на натпревари и олимпијади по хемија, информатика, програмирање, математика, а додека учела основно училиште и награди по англиски, германски…

– Мал проблем е дека не можам да учествувам на сите олимпијади зашто се поклопуваат датумите и морам од нешто да се откажам, вели Емилија.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука