Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на органодарителството

Охрид, 13. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Националното здружение „Храбро срце“ трета година по ред ќе го одбележи Светскиот ден на органодарителството на плоштадот во Охрид.

Ќе бидат поделени едукативни флаери за подигнување на свеста, ќе присуствуваат истакнати кардиолози, интернисти, анестезиолози, матични лекари и медицински сестри кои секоја година ја даваат својата поддршка на макотрпните заложби на Здружението за подигнување на свеста за кадаверични трансплантации.

Настанот ќе се одржи денеска на Градскиот плоштад во Охрид од 12:00 часот.

Во Република Македонија изминативе неколку години е подигната свеста за органодонорство. Делата на фамилиите кои одлучиле да се донираат органи по загубата на нивни блиски е најголема кампања во однос на органодарителството, тоа е она што остава впечаток на граѓаните да ја отворат оваа тема, изјави во интервјуто за Супер радио и OhridPress националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова- Мијовска. Првата трансплантација на срце беше реализирана во услови на пандемија со Covid-19, во мај 2020 година.

Како последен успех на здружението „Храбро срце“ се смета добиената битка за пациентите со механичка пумпа да бидат ослободени од партиципација и да добијат резервни батерии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука