
619 нови случаи на Covid-19, 37 новозаболени, едно починато и 71 оздравени лица од Охрид
Скопје/Охрид, 15. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 12.08. до 14.08.2022), направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи со Covid-19, седум починати (три од Скопје (81, 84 и 90 години) и по едно од Велес (85 години), Охрид (82 години), Струга (72 години) и Крива Паланка (91 години), и 1.228 оздравени пациенти, соопштија од Министерството за здравство на Република Македонија.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ се регистрирани три починати лица и тоа од Радовиш (76 години), Кочани (70 години) и Струмица (81 години), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07. до 01.08.2022година.
Од 889 новозаболени од Скопје се 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40, Охрид – 37, Куманово – 34, Гостивар – 29, Велес и Неготино – по 24, Кичево – 23, Тетово и Штип – по 22, Гевгелија – 17, Струмица – 16, Струга и Делчево – по 15, Кочани – 12, Радовиш – 7, Крива Паланка, Берово и Виница – по 6, Ресен – 5, Дебар, Кратово и Крушево – по 3, Свети Николе, Валандово, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2.
Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.
Од 1.228 оздравени пациенти од: Скопје – 499, Битола – 98, Охрид – 71, Кавадраци – 69, Тетово – 56, Куманово – 53, Гостивар – 46, Струга – 44, Прилеп – 40, Струмица – 33, Кочани – 23, Велес и Гевгелија – по 20, Неготино – 19, Штип – 18, Ресен и Дебар – по 16, Радовиш – 13, Кратово – 12, Берово – 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Кичево – 8, Свети Николе – 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Делчево, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на Covid-19.
Вкупниот број Covid-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а на активни случаи изнесува 3.559. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |