Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Повеќе од 24 милиони денари за 10 дена легнаа на сметките на среќните добитници на Видеолотарија

Скопје, 19. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 10 дена, од Видеолотарија Касинос Австрија израдуваа многу среќни играчи на видеолотарските терминали. 24.101.156 денари легнаа на сметките на среќните играчи, благодарение на Супер Милионер, Милионер и Мини Џекпот добивките.

За 10 дена во месец август, Македонија доби многу нови милионери благодарение на Видеолотарија Касинос Австрија. Среќните играчи кои се забавуваа на видеолотариските терминали ширум Македонија, заедно поделија 24.101.156 денари.

8-ми август празнично беше одбележан со две добивки, најпосакуваната Супер Милионер и Милионер Џекпот. Празничниот Супер Милионер Џекпот донесе фантастични 10.856.426 денари кај среќниот играч во Гостивар. Добивката беше освоена во СЛ Клуб во Гостивар.

Во овој период среќата им се насмевна и на уште шест среќни добитници на видеолотариските терминали кои освоија Милионер Џекпот:

– 08.08.2022 година – Златна копачка, Прилеп – 1.764.808 денари
– 09.08.2022 година – Спорт Лаиф, Ѓорче Петров 2 – 1.317.989 денари
– 11.08.2022 година – Моцарт, Капиштец – 1.239.512 денари
– 13.08.2022 година – Банана Кик, Брвеница – 1.323.618 денари
– 15.08.2022 година – Моцарт, Железничка станица – 1.444.513 денари и
– 17.08.2022 година – Спорт Лаиф, Аеродром 1 – 1.516.984 денари

Забавата со видеолотариските игри на среќа на Видеолотарија Касинос Австрија ја почувствуваа и други играчи кои благодарение на Мини Џекпот добивките поделија вкупно 4.637.306 денари. Видеолотарија ќе продолжи и во иднина да ги радува и раскажува среќните приказни на нашите добитници. Следете ја светлечката реклама на VLT и играјте одговорно со најдобрите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука