ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Мојсоски: Затворениот пливачки базен во Охрид ќе биде готов напролет

Охрид, 19. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 1-ви септември ќе продолжат градежните работи на затворниот пливачки базен во Охрид и се очекува дека до март или април месец следната година ќе биде готов, рече првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Работите биле запрени поради проблеми со изведувачот, а досега процентот на реализција е 70%.

– Последните 6-8 месеци имаме проблем со изведувачот “Бауер БГ“ заради минати работи на фирмата. Неодамна имавме состанок, од 1-ви септември почнуваме со рабора и се надевам дека март или април следната година ќе биде готов. Тој е 70% готов, треба да се донесе коритото, да се монтира, веќе се направени просторите се одвоени, трибините, челичната и бетонската конструкција се готови, струјата е поставена, остануваат само финеси и уште многу малку работи недостигаат во внатрешниот дел, потенцира Мојсоски.

Базенот во Охрид готов за 1 година - SwimOn

Објектот започна да се гради во 2015 година, од страна на фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Првичниот договор предвидуваше овој спортски објект да биде завршен најдоцна до април 2018 година. Но, од тоа ништо. Потоа како следни крајни рокови беа зададени 2020, односно 2021 година.

Затворениот базен во Охрид е проект оставен како ветување за охриѓани веќе неколку децении наназад. Според најавите затворениот пливачки базен ќе биде енергетски ефикасен објект и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима далеку поефтино.

Што се однесува до реконструкцијата на базенот во Струга, што требаше да биде комплетирана до крајот на 2020 година, Мојсоски истакна дека очекува истата да биде завршена во декември оваа или јануари следната година.

До крај на годинава ќе заврши реконструкцијата на затворениот базан во Струга

Со години нефункционален и надвор од употреба, кон крајот на октомври 2019 година започна реконструкцијата на овој спортски објект, кој некогаш важеше за расадник на пливачки надежи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука