Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Започнува меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски- Усташ“

Охрид, 23. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнува првиот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски- Усташ“.

Покрај домаќините ГРК Охрид, на турнирот учествуваат и ракометните клубови Пролет 62, Тиквеш 2014 и Партизан од Белград, Србија.

Денес ќе се играат два натпревари, првиот од 17:30 часот меѓу РК „Партизан“ и РК „Пролет 62“, а од 20:00 часот ќе играат ГРК „Охрид“ и ГРК „Тиквеш 2014“.

Утре, поразените играат за трето место, а победниците влегуваат во финале во следните термини:
во 15:30 часот, натпревар за трето место, поразени 1/4 – 2/3, во 18:00 часот финале победници 1/4 – 2/3.

Капитенот на ГРК Охрид, Крсте Андоновски истакна дека како фамилија се почестени што ќе се организира ваков турнир, се надева дека ќе прерасне во традиција и ќе се одржува секоја година.

– Задоволството е големо почестени сме како фамилија. Емотивно е, љубовта кон ракометот ни ја всади баш нашиот дедо. Овие натпревари ќе ни бидат добредојдени за воигрување на екипата пред стартот на сезоната, потенцира Андоновски.

Меморијалниот турнир е наречен во чест на Крсте Андоновски- Усташ (1936-2003), кој има оставено белег на охридскиот, македонскиот и југословенскиот ракомет. Долгогодишен селектор на македонската машка сениорска и младинска репрезентација. Член на стручен совет на СФРЈ во кој совет членуваа по еден тренер од секоја република и покраина. Тренер на ЕМО Охрид, Отекс Охрид, Пелистер, Тутунски Комбинат, Прилеп и Партизан Кичево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука