Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатите 24 часа најмногу дожд во Македонија наврна во Охрид, 40 литри на м2

Скопје/Охрид, 24. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд во Република  Македонија наврна во Охрид – 40 литри на м2, по што следуваат Маврово со 17, Попова Шапка со 16, Крива Палнка 14, Гевгелија 10 и осум во Дојран.

Според прогнозата на УХМР, во Охрид денес ќе имаме променливо облачно и нестабилно време, со повремени сончеви периоди претпладне и услови за локален дожд и грмежи во попладневните часови. UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

– До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука