Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Кавадаречки Тиквеш го освои трофејот на првиот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски-Усташ“

Охрид, 25. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – ГРК Тиквеш 2014 е прв освојувач на турнирот „Крсте Андоновски-Усташ“, што изминатите два дена се одржа во Охрид.

Пенал рулетот го одлучи победникот, па кавадарчани славеа со 32:33 над екипата на РК Партизан од Белград, Србија.
Домаќините, ГРК Охрид беа третопласирани откако со 4 гола (27:23) го надиграа тимот на Пролет 62.

Можно е да е слика од 6 луѓе и внатре

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Андреј Трнавац од РК Партизан, најдобар стрелец со 19 постигнати голови Урош Којадиновиќ од РК Партизан, а за најдобар играч на турнирот MVP беше прогласен Страхиња Симиќ од ГРК Тиквеш 2014.

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Организаторите се надеваат дека овој меморијал ќе прерасне во традиција и ќе се одржува секоја година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ГРК Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука