Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос утре гостува кај Вардар

Охрид, 26. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос утре гостуваат во Скопје, во рамки на второто коло во втората македонска фудбалска лига.

Противник ќе им биде екипата на Вардар. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ од 16:00 часот. Судија ќе биде Марјан Дејаноски.

Инаку, охридскиот напаѓач Роберт Митев е дел од најдобрите единаесет за првото коло. Тој беше стрелец на двата погодоци на натпреварот против екипата на Тетекс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука