Забава Избор

SUPER Fresh music: Nicki Minaj – Super Freaky Girl

Охрид, 26. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Една од најуспешните женски рап и хип-хоп музичарки, Nicki Minaj или Onika Tanya Maraj-Petty од Тринидад, ја објави најновата песна „Super Freaky Girl“, со семпл од мега хитот од 1981 година на Rick James „Super Freak“.

Кога на една ваква безвременска тема ќе и се додадат неверојатната енергија и стилот кои се препознатливи за Nicki Minaj, може слободно да се каже дека имаме уште еден вистински радио хит.

Неколку недели пред официјалното објавување, песната доби голема популарност на TikTok. Nicki овој месец ја доби и престижната награда Michael Jackson Video Vanguard, а со вкупно 17 номинации за VMA и 5 освоени награди, таа е номинирана за најдобар хип-хоп спот за песната „Do We Have A Problem“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука