ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешна сезона за пливачките школи, близу 400 деца ги совладаа тајните на пливањето

Охрид, 26. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со доделување на дипломи, денес се заокружуваат тренинзите во летните пливачки школи на клубовите „Акваспирит“ и „Охридски бранови 2008“.

Летово тајните на пливањето ги научија и усовршија близу 400 деца.

Тренерите за Супер радио и OhridPress велат дека процсот поминал повеќе од успешно, задоволни се од упорноста и посветеноста на децата за време на тренинзите.

– Задоволни сме од сработеното, имавме над 250 деца, поделени во групи, кои научија да пливаат. Одлично поминавме и на натпреварите што се одржаа, иамвме Државно првенство, Меѓународен митинг, од традиционалниот пливачки митинг „Император куп“ во Битола се вративме со 19 одличја од кои 6 први места, 7 втори и 6 трети места во машка и женска категорија, вели Славчо Цветкоски, тренер во клубот „Акваспирит“.

Можно е да е слика од 6 луѓе и базен

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат и водна површина

– Летово во школата имавме 120 деца. Условите беа супер, за среќа и времето нé послужи. Децата ги совладаа сите стилови на пливање. Трениравме секој ден. Вчера завршно се одржа пливачки митинг за децата од сите охридски школи и клубови, вели Катерина Стојаноска, тренер во „Охридски бранови 2008“.

Можно е да е слика од 12 луѓе, луѓе што стојат, надвор и текст кој вели „1 диплома“

Охрид важи за расадник на талентирани и докажани пливачи. Хендикеп е што школите се одржуваат само во летниот период и нема континуитет во тренинзите. Искра надеж влева изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид, што според последните најави би требало да биде готов напролет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука