Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Струшки вечери на поезијата: Омаж за писателот Петко Шипинкаровски од професор д-р Христо Петрески

Струга, 29. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од програмата на овогодинешното издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ се одржa настанот „Струга се сеќава“: омаж на личности што дале значаен придонес за манифестацијата.

Презентиран беше омаж за писателот Петко Шипинкаровски, Данило Коцевски, Луан Старова и Разме Кумбароски.

Говорник за ликот и делото на Петко Шипинкаровски беше Проф. Др. Христо Петрески, претседател на ДПМ, за академик Луан Старова говореше Димитар Башевски, Веле Смилевски за Данило Коцевски, додека
за Разме Кумбароски свое видување имаше Димитрие Дурацовски кое го презентираше Ана Наумоска.

– Ја поздравувам и поддржувам идејата и иницијативата на Струшките вечети на поезијата – да им се оддаде почит и признание на неодамна починатите струшки автори, меѓу кои спаѓа и писателот Петко Шипинкатовски. Неговиот влог беше евидентен и голем на планот на книжевноста, но и на културен, организаторски и активистички план. И тоа не само во Струга, туку и на републички и меѓунатоден план, рече на почетокот Христо Петрески.

Петрески, за Петко Шипинкаровски, потсети како и за основач на Здружението за литература, култура, уметност и наука „Бран“, но и на ревијата „Бранувања“, како и манифестацијата „Струшки книжевни средби“, преку кои, воспостави републички, но и меѓународни познанства, контакти, врски, релации и конекции.

Петко Шипинкатовски беше филантроп и несебично ги доделуваше и наградите „Јован Котески“ и „Крсте Чачански“.

За него сега и во иднина ќе сведочи неговиот обемен, размовиден и содржаен творечки, иновативен и креативен литературен и издавачки опус. Беше динамичен, ангажиран и хуман човек. Зад себе остави голем број книги и лик на трудбеник и активист кој многу направи за родната Струга, но и за Македонија.

– Книжевниот опус на Петко Шипинкаровски не само што е обемен, туку е и жанровски разновиден и хетероген, а започнува со првоиздадениот роман во 2003 година „Откорнати души“. Во периодот од 2003 до 2020 година, Шипинкаровски потпишал и објавил 24 авторски, 2 коавторски дела и 6 преводи и препеви, односно 7 романи, 2 романизирани монографии, една монодрама, една драма, 3 книги со раскази, една книга раскази за деца, 7 книги поезија, една студија и една книга со есеи и критики. Бројот на неговите објавени дела и нивната разновидност, богатство и квалитет потврдуваат и ќе сведочат за еден специфичен и оригинален автор, вреден човек и наш динамичен, активен и ангажиран современик со немирен дух, постојана посветеност и далекувида визија, рече, мегу другото, Христо Петрески. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука