Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна исплатата на пензиите за месец август

Охрид, 30. август 2022 (ОХРИДПРЕС) – Започна исплатата на августовските пензии.

Готовинската исплата на пензии во банките за клиентите кои не користат картички, е организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на:
• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од денес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука