Забава Избор

Охриѓанката Ева Китрозоска настапи на детскиот фестивал „Радика Фест“

Охрид, 9. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов на фестивалот на детска песна „Радика фест“ 2015 настапи охриѓанката Ева Китрозоска.

Ева доаѓа од музичка фамилија. Нејзините родители Жармена и Димче Китрозоски се занимаваат професионално со музика неколку децении. Во едно неодамнешно интервју за Супер радио, Жармена Китрозоска изјави дека ќерката Ева покрај што посетува музичко училиште и ја сака класичната музика, има добар вокал, и пее детски песни.

Фестивалот на детска песна „Радика фест“ 2015, го одржа своето шестото издание во Центарот за Култура Дебар. На фестивалот беа изведени 15 авторски композиции. Охрид годинава го претставуваше токму Ева Китрозоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Zarmena Kitrozoska

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука