Скопје, 2. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 24 часа, направени се 892 тестови, при што се регистрирани 185 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 96
• Битола 13
• Берово 8
• Кавадарци 7
• Делчево 6
• Куманово, Тетово, Гостивар и Штип по 5
• Прилеп, Охрид и Кичево по 4
• Кочани , Ресен, Свети Николе и Крива Паланка по 3
• Велес и Гевгелија по 2
• Струмица, Неготино, Валандово, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонски Брод по 1
Од вкупниот број на позитивни (185), регистрирани се 55 реинфекции.
Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од:
• Скопје 157
• Куманово 21
• Битола 20
• Велес 15
• Делчево 13
• Прилеп 11
• Тетово 9
• Кочани 8
• Крива Паланка 7
• Берово и Кавадарци по 5
• Гостивар, Штип, Охрид, Гевгелија и Неготино по 4
• Богданци 3
• Кичево, Ресен, Струмица, Дебар и Крушево по 2
• Струга, Радовиш и Демир Капија по 1
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Скопје (74 години). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ регистрирани се 4 лица, по едно лице од Битола, Ресен, Радовиш и Охрид, починати во период од 3-ти до 25-ти август 2022 година. Починаите се на возраст од 73 до 82 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.152.786 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.695, бројот на оздравени пациенти е 329.741, на починати е 9.495, а бројот на активни случаи изнесува 1.459. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство