септември 5, 2022

Скопје, 5. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 3 дена (од 2-ри до 4-ти септември 2022 година), направени се 1.308 тестови, при што се регистрирани 254 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 143
• Битола 22
• Охрид 11
• Куманово 10
• Тетово 9
• Кавадарци 7
• Велес 6
• Кичево и Кочани по 5
• Прилеп, Гостивар и Штип по 4
• Струмица и Гевгелија по 3
• Неготино, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Валандово и Крушево по 2
• Струга, Делчево, Виница и Кратово по 1

Од вкупниот број на позитивни (254), регистрирани се 61 реинфекции.

Регистрирани сe 412 оздравени пациенти од:

• Скопје 231
• Битола 37
• Куманово 20
• Охрид 18
• Прилеп 13
• Кавадарци 10
• Велес 9
• Тетово, Кочани, Струмица и Струга по 7
• Гостивар и Крива Паланка по 6
• Неготино и Богданци по 5
• Штип и Гевгелија по 4
• Крушево и Дебар по 3
• Кичево, Свети Николе и Берово по 2
• Ресен, Виница, Кратово и Пробиштип по 1

Во текот на изминатите 3 дена (од 2-ри до 4-ти септември 2022 година) пријавени се 4 починати лица, од Скопје (76 години), Пробиштип (62 години), Велес (88 години) и Виница (86 години). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“ нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.154.094 тестирање на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.948, бројот на оздравени пациенти е 330.153, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.296. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука