ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Младиот охриѓанец Борче Исакоски ја освои наградата Earth System Pledge на IESO 2022, Светската олимпијада за геонауки

Охрид, 6. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охриѓанец Борче Исакоски, средношколец од ПСУ „Јахја Кемал“, во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет, во својата колекција на награди, ја стави и Earth System Pledge, освоена на последната IESO 2022.

Учеството на Светската олипијада за геонауки, Исакоски заедно со уште три члена од националниот тим, ја обезбедија преку селекциониот натпревар на државно ниво, организиран од Македонското Географско Друштво. Повеќе од една година, целиот тим се подготвуваше и напорно работеше преку теренски проекти и online работилници заедно со професорите од Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Олимпијадата се одржа во Италија, во периодот од 26-ти до 31-ви август 2022 година. Учесниците имаа богата програма на презентации, индивидуални тестови, натпревари меѓу интернационални екипи, професионално изготвени видеа и слични содржини.

Учеството на светски признатите олимпијади само по себе е голем успех за амбициозните млади луѓе, а дополнително го зголемуваат ентузијазмот и мотивираноста да се тежнее кон повисоки цели и надоградување на своето знаење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука